Актерката Ева Лонгорија се пофали пред фановите дека го открила трикот како може да ги сокрие недостатоците и вишокот на килограми со изборот на облека со светли бои.
Општо е прифатено мислењето дека светлите бои ја прошируваат фигурата, но актерката вели дека трикот е во тоа што треба да се избере добар крој.
Неодамна во Лос Анџелес, Лонгорија се одлучила за лежерна елеганција. Сивкастобелата свилена блуза ја комбинирала со беж пантални и штикли со тенок каиш во ист тон.
И покрај тоа што била во светли бои, од глава до пети, актерката вели дека ваквиот избор не ѝ ја проширил нејзината фигура. Напротив, Ева вели дека изгледала послабо.
„Трикот е во одбирањето на вистинскиот крој“, вели Ева.
Актерката се одлучила за блуза која не е ниту прекратка, ниту преширока. Одбрала панталони со поширки ногавици кои убаво се спуштаат. Се одлучила и за добра должина на ракавите, до лактовите, а блузата ѝ била вовлечена во панталоните.
Како ја одржува добрата линија и кондиција, Ева откри им откри на своите обожаватели на Инстаграм, објавувајќи видео од тренигнот во теретана. Актерката покажа дека вежба со влечење на дебело јаже додека е во позиција на клечење. Оваа вежба Ева вели дека е одлична за зацврстување на рацете, нозете и грбот.