Ева Лонгорија го загуби својот најдобар пријател Џинкси

Ева Лонгорија (43) ги одбројува деновите до пораѓањето кога ќе го добие своето прво дете со третиот сопруг Хозе Бастон. Актерката деновиве објави тажна вест дека починало нејзиното куче, малтезер по име Џинкси.„Па денот од кој се плашев се случи синоќа. Џинкси почина во моите раце кај ветеринар. Имаше мозочен удар од кој повеќе не се разбуди. Имаше 15 години (95 кучешки) и сите години ги мина со многу љубов и радости. Тој беше моето бебе пред она кое го носам во стомакот. Тажна сум, но знам дека се ослободи од понатамошно патење. Секој кој ме познава, го познаваше и Џинкси. Ќе ни недостига на многумина од нас. Те сакам Џинкси“, напишала Лонгорија на социјалните мрежи.

Scroll to Top