Актерката Ева Лонгорија ретко кога се разделува од едноггодишниот син Синтијаго. Дури и кога треба да патува низ светот за различни професионални ангажмани, таа го носи со себе. Ревијата на L’Oreal не беше исклучок.
На затворањето на модното шоу на козметичкиот гигант, 44-годишната актерка излезе заедно со Сантијаго.
На ревијата дефилираа заштитните лица и моделите на L’Oreal, меѓу кои и Дауцен Крус, Камила Кабејо, Шерил и Хелен Мирен, која истрча боса.