Ева Мендес не снима филмови поради децата

Актерката Ева Мендес не сака да се врати на глумата за да не се двои од ќерките Есмералда (4) и Амаду (2), кои ги има со сопругот Рајан Гослинг. Таа последниот филм го сними во 2014 година.

„Јас сум опседната со моите деца и не сакам да ги оставам, сè уште се толку мали“, рекла таа за „Е!њуз“.

44-годишната Мендез признала дека родителството не е секогаш лесно, но дека има огромна поддршка што ја добива од нејзиното семејство и од семејството на Рајан.

„Не можам самата да балансирам сè. На некој начин учам со текот на времето и важно е што имам поддршка. Го имам моето семејство и семејството на Рајан, а таквата поддршка е непроценлива“, додала таа.

 

 

Scroll to Top