Евакуирани Арнолд Шварценегер и Леброн Џејмс

Холивудскиот глумец Арнолд Шварценегер и ѕвездата на „ЛА Лејкерс“, Леброн Џејмс, се евакуирани од своите домови поради пожарите што неколку дека се шират во Лос Анџелес и околината. Повеќе од милион домови и деловни објекти во Калифорнија се без струја откако изби голем пожар во близина на музејот „Гети“.

„Се евакуиравме околу 3:30 часот утрово и за сега сме безбедни. Ако сте во зоната за евакуација, напуштете ги домовите сега и спасете се“, напиша Шварценегер на „Твитер“. Слична порака имаше и Леброн. „Огнот не е шега. Го напуштивме домот и сега со семејството бараме хотел за да се сместиме. Досега немавме среќа“, напиша популарниот кошаркар.

Градските власти им наредија на жителите на еден од најбогатите квартови во Лос Анџелес да ги напуштат своите домови. Во овој дел од Калифорнија е прогласена вонредна состојба, а евакуацијата се спроведува во голем дел од Лос Анџелес. Пожарникарите се уште не успеале да го изгасат пожарот. Пожарите во овој дел од Калифорнија се многу чести. Лани во пожар изгоре куќата на Крис Џенер, а меѓу евакиураните беа и Мајли Сајрус и Лиам Хемсфорт.

Scroll to Top