Повеќе од 70.000 луѓе потпишале петиција со која бараат списанието Time да го прогласи Кијану Ривс за човек на годината. Целта на организаторите на петицијата е да соберат 150.000 потписи. На веб-страната Change.org се појавила петицијата во која пишува дека тој е најдобриот човек во светот.
„Кијану е најдобрата личност која постои, прогласете го за личност на годината! Кијану во тајност донираше милиони за децата во болниците и во други хуманитарни цели, направи неверојатна работа за луѓето и ништо не бараше за возврат“, стои во објавата.
„Тој го заслужува тоа“, пишува во коментарите на луѓето што се потпишале на петицијата.
Инаку, списанието Time секоја година прогласува личност на годината, а лани таа титула ја доби убиениот саудиски новинар Џамал Кашогџи.