Фановите го нападнаа Леонардо ди Каприо за одморот на јахта, велат бил лицемерен кога се бори за климатските промени, а истовремено ја загадува природата

By

Фановите го нападнаа Леонардо ди Каприо заради неговиот одмор на јахта вредна 110 милиони долари. Тие велат дека глумецот бил лицемерен затоа што од една страна се бори за климата, а истовремено и ја загадува.

dobivaj vesti na viber

Леонардо е амбасадор на Обединетите нации за климатските промени и е активен во ситуациите со еколошките проблеми. Сега фановите велат дека тој не се придржува до она за кое се залага.

„Овде амбасадорот на ОН за климатски промени, Леонардо ди Каприо на суперјахта од 315 метри, вредна 110 милиони фунти, заедно со хелидром и шест палуби кои загадуваат колку просечен автомобил во годината, поминувајќи само 7 милји. Сетете се кога го гледате неговиот филм за климатска катастрофа“, рече британскиот активист Дарен Гримес.

Леонардо порачува да се чува природата, но, очигледно дека тој не е подготвен да се откаже од луксузот, затоа што неговото крстарење со јахтата на швајцарскиот фармацевски милијардер Ернест Бертарели, е сосема спротивно на тоа.

„Очигледно климатските промени не се проблемот и не постојат и не треба да се превземе ништо во врска со тоа. Ако аамбасадорот за климатски промени се вози на луксузна јахта, сигурно сега науката го решила проблемот“, велат фановите.

Тие велат дека јахтата со која се возеше Леонардо исфрла 238 килограми јаглерод диоксид за само една помината милја, односно во просек на еден автомобил би му требало околу два месеци.

Неговиот најнов проект, филмот на „Нетфликс“, „Не гледај нагоре“, исто така се залага за потребата за решавање на најважните прашања со кои се соочува целата планета. Тој ги повикува сите фанови да превземат нешто во врска со тоа, а истовремено со денови ужива со млади и убави девојки меѓу кои и манекенката Камила Мороне на популарниот остров Свети Бартелемеј.

Ќе ви се допадне