Фановите ја нападнаа Елен Деџенерис за пријателството со Џорџ Буш

Популарната американска водителка Елен Деџенерис, откако на својот „Твитер“ профил напиша пост и даде поддршка за протестите кои се случуваат во САД, изразувајќи ја на тој начин својата поддршка во борбата против полициската бруталност над афроамериканската популација, кратко време потоа истиот го избриша.

Како што пренесуваат американските медиуми, Елен се решила да го избрише постот, откако ѝ нејзините фанови и коментирале и ја нападнале велејќи дека на овој начин таа го покажала своето лицемерие. Многмина и замерија дека таа требало порано да мисли на расната еднаквост во Америка, пред да стане пријател со Џорџ Буш.

Многумина во коментарите ѝ напишале на Елен дека таа е пријател со воен злосторник и дека сега е лицемерно од неа да пишува вакви објави.

„Како и повеќето од вас и јас сум гневна и тажна. Луѓето со друга боја на кожата во оваа земја ја чувствуваат неправдата веќе подолго време. Мораме да промениме некои од работите и мораме тоа да го направиме со љубов во нашите срца“, напиша водителката, по што беше нападната со лавина коментари кои експресно ја потсетија дека треба да размисли кого одбира за пријател.

Scroll to Top