Фановите ја нападнаа ќерката на Еклстоун затоа што моли за донации

Ќерката на Берни Еклстоун, Тамара и нејзиниот сопруг Џеј Рутланд, за време на гостувањето во емисијата This Morning ги повикаа гледачите да донираат пари за нивната онлајн галерија.

Голем број фанови им замерија на двајцата затоа што бараат пари, покрај раскошот во кој живеат.

„Без навреда, но ова е срамота. Сакаат да соберат милион фунти со помош на донации, а нивното семејство поседува речиси четири милијарди фунти“, изјавиле некои од гледачите на социјалните мрежи и ја прашаа Тамара зошто самата не донира кога е толку богата.

Тие се јавија во емисијата во живо од својот дом, за да ги поддржат здравствените работници кои се борат прови пандемијата со коронавирусот.

Тамара и Џеј заедно со уште 30 уметници се здружија за да изработат онлајн галерија, со чија помош ќе соберат пари за да ги донираат до здравствените работници.

 

Scroll to Top