Голем број на фанови на Инстаграм ја нападнаа Сара Мишел и ја обвинија дека намерно промовира анорексија и булимија. Таа на крајот се извини и рече дека со објавата не мислела ништо лошо да направи.
Американската актерка објави фотографија на Инстаграм каде позира во долна облека, а описот под фотографијата ги налути голем број на фанови.
Сара напишала дека објавените фотографии ќе ги залепи низ куќата за да не се прејаде за Денот на благодарноста. Тоа воопшто не им се допаднало на нејзините фанови.
„Не си добар пример за младите девојки“, беше еден од коментарите на обожавателите.
Некои од нив се обидоа да ја одбранат нивната миленичка, велејќи дека Сара има право да објави што сака и дека луѓето денес се пречувствителни кога станува збор за килограмите. Сепак актерката на крајот се извини за потегот.
„Жал ми е што некои погрешно го разбраа мојот хумор. Секој кој ме познава, многу добро знае дека никогаш немав намера да ги омолаважам другите луѓе, на која било основа“, напиша Сара во коментарите.
View this post on Instagram