Фановите на Дизни се заканија со бојкот на филмот „Хокус Покус“, откако Бет Мидлер ги навреди трансродните лица

Фановите ѝ се налутија на актерката и ѕвездата од филмот „Хокус Покус“, Бет Мидлер, поради нејзиниот статус со кој ги навреди трансродните лица. Таа на „Твитер“ сподели статус преку кој им се обрати на сите жени во светот.

„До сите жени во светот. Ни го ускратуваат правото на нашето тело, на нашите животи, па дури и на нашите имиња. Не нè нарекуваат повеќе жени. Не нарекуваат луѓе кои раѓаат или менструираат, па дури и луѓе со вагина. Не дозволувајте да ве избришат. Секое човечко суштество на Земјата нешто ви должи“, напиша Мидлер.

Неодамна излезе и трејлерот за продолжението на филмот „Хокус Покус“. На популарната платформа треба да се појави на крајот на септември. Бројни обожаватели со нетрпение го чекаат новиот филм, но поради објавата на Мидлер сега велат дека ќе го бојкотираат.

„Сега морам да го бојкотирам, поради овој терф (феминистка која од феминизмот ги исклучува трансродните лица)“, напиша нејзина пријателка на „Твитер“. Бети зошто ова го кажа? Сега ќе морам да бојкотирам, а баш се радував. Каква штета. И транс-жените се жени“, и напишаа тие.

По низата  прозивки Бети им одговори и објасни дека објавата е само осврт на одличен текст кој го прочитала во „Њујорк тајмс“ и дека немала никаква намера да звучи трансродно, односно дека воопшто не се работело на тоа.

Scroll to Top