Фановите на Мадона бесни на пејачката: Плаќаме 1000 долари за билет, а ти доцниш и концертот го завршуваш предвреме

Мадона (65) ја започна својата дванаесетта турнеја наречена The Celebration, со која има 78 закажани концерти низ светот. Таа ги одржа своите први концерти во лондонската О2 Арена, а фановите веќе го изразија своето незадоволство.

Фановите и се налутија на пејачката откако ги прекина првите два концерта во Лондон. Пејачката го заврши својот настап во преполната арена во 23 часот, оставајќи ги фановите со четири песни кои требаше да се најдат на сет листата.

По песната Rain, требало да ги отпее хитовите Like A Virgin, Bitch I’m Madonna, Holiday и Celebration, но публиката не ги слушнала. Огорчените фанови на X го изразија своето незадоволство од однесувањето на Мадона, па открија како пејачката доцнела на концертот кој требало да започне во 21 часот.

„Извини Мадона, ти си кралица на попот и јас те сакам, но луѓето платија над 1000 долари за да те видат, не може вака да заврши. Само почни на време, вашите фанови го заслужуваат целото шоу“, напиша еден од обожавателите.

Се претпоставува дека пејачката го прекинала концертот поради правилото според кое концертите што се одржуваат во недела мора да завршат до 22:30 часот, додека оние што се одржуваат од понеделник до недела може да траат половина час подолго.

„Мадона, дојдете на време на сцената, особено во Лондон каде што има полициски час. Не можете да барате 1000 долари за билети и да изведете дел од шоуто“, изјавил еден од корисниците на Х.

Но, за јавноста потегот на Мадона бил неоправдан, па и рекоа да ги прекрши правилата и да плати казна.

„Сите знаеме дека сакаш да ги кршиш правилата, па ако го надминеш рокот, прекрши ги правилата и плати ја казната“, напишал еден од фановите.

Сепак, и покрај доцнењето и предвременото завршување на концертот, фановите велат дека уживале во концертот на кралицата на попот, која е во седмата деценија од животот.

Scroll to Top