Фановите убедени дека Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно

Фановите на поранешната холивдска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли се убедени дека тие се повторно заедно. Бред и Џенифер пред 16 години се разведоа, а сега во јавноста повторно кружат шпекулации дека се повторно заедно.

Еден од нивните фанови споделил на социјалните мрежи фотографија од едно видео на Анистон, кое глумицата неодамна го објавила. Во заднината е маж, чиј лик не може да се види, но според многумина, многу личел на Бред.

Видеото го снимила Анистон додека си играла со своето куче во приколката на сетот што се снимал за документарецот за Apple TV+. Многумина од фановите тврдат дека човекот кој е во заднина е Бред Пит. Некои сметаат дека двајцата се дружеле и дека се само пријатели.

За потсетување, минатата година двојката беше видена заедно на доделувањето на наградите SAG. Тие пред неколку месеци повторно се видени заедно, но на видеопренос заедно со уште неколку глумци и нивни пријатели, како Џулија Робертс, Метју Меконахи и Морган Фриман.

Прв и последен пат кога Бред и Џенифер глумеа заедно беше во една од епизодите на „Пријатели“ во 2001 година. Една година подоцна двојката се венчаше во Малибу.

Scroll to Top