Феј Данавеј на 77 години е заштитно лице на „Гучи“

77-годишната глумица Феј Данавеј е новото заштитно лице на светскиот бренд „Гучи“. Данавеј за популарниот бренд сними видео и моден едиторијал, а акцентот е ставен на чантата Sylvie. Режисер на видеото е Петра Колинс, која се инспирирала од животот на богатите и славните во Холивуд.

Во видеото Феј глуми гламурозна дама која деновите ги поминува во лимузина, со приватен возач, оди на шопинг, пливање, тенис. Во цело тоа време таа е секаде со својата чанта и останатите „Гучи“ парчиња.

 

 

Scroll to Top