Фелисити Хофман излезе порано од затвор

Линет Скаво од „Очајни домаќинки“ излезе од затвор три дена порано. Актерката Фелисити Хофман отслужи 11 од предвидените 14 дена казна. Таа е ослободена бидејќи полицијата дозволува затвореникот да излезе пред предвидениот датум ако тој се паѓа во сабота, недела или за празник, освен ако не е предвидено останување до крај поради специјален полициски надзор.

Хофман беше осудена на две недели затвор и парична казна откако призна дека учествувала во измама со државните тестови за прием на колеџ на нејзината ќерка. Таа е првата од триесетте родители кои се вмешани во оваа измама. Таа е и првата која е осудена за своето дело.

Фелисити Хофман во затворот

Хофман призна дека платила најмалку 15.000 долари на измамничка група која ветувала подобри резултати на приемните испити. Актерката во писмо до судот се извини на државата и на засегнатите страни, бидејќи се обидела да го измами образовниот систем и наведе дека се срами за своето дело.

Освен Хофман, во скандалот е вмешана и глимицата Лора Лохлин, од серијата „Полна куќа“. Неа треба да ѝ се суди наскоро.

Фелисити Хoфман оди во елитен затвор, ќе може да јаде пица и орео бисквити

Scroll to Top