Филмот „Аквамен“ со заработка од 822 милиони долари

Филмот „Аквамен“ доживеал неверојатен успех ширум светот, а досега на глобално ниво има заработено рекордни 822 милиони долари.
Филмот во кој главната улога ја има истоимениот суперхерој, кој е креиран во лабораторијата на стрипот „Ди-си Комикс“, го надминал и успехот на филмот „Жената чудо“, кој минатата година заработил 821 милиони долари.
Филмовите „Аквамен“ и „Жената чудо“ дебатираа во „Лигата на правда“, заедно со Езор Милер кој го глумеше „Флеш“.
„Аквамен“ доживеал неверојатн успех на американскиот пазар каде успеал да оствари заработка од 560 милиони долари. Во Кина, филмот остварил добивка од 260 милиони долари.
Станува збор за приказна која ја следи драмата за можен почеток на војната меѓу царствата на дното на морето и луѓето на површината.
Филмот е во режија на Џејмс Ван, а сценариото го напишале Дејвид Џонсон-Мекголдрик и Вил Бил. Во главните улоги се појавуваат Џејсон Момоа, Ембер Хард, Вилем Дефо, Никол Кидман, Долф Лунгрен и други.

Scroll to Top