Филмот „Раст“, во кој беше застрелана снимателката Хачинс, ќе продолжи да се снима со Алек Болдвин

Снимањето на вестерн филмот „Раст“, ќе продолжи да се снима со Алек Болдвин во главната улога. Ова го соопшти адвокатката на продукцијата неколку дена откако обвинителите го обвинија глумецот за смртта на снимателката Халина Хачинс.

dobivaj vesti na viber

„Болдвин ќе продолжи да го игра дедото Херолд Раст, а режисерот Џоел Соуза ќе се врати на работа откако беше застрелан на сетот во 2021 година“, рече адвокатката Мелина Спадоне и додаде дека сопругот на Хачинс, Мет, ќе биде извршен продуцент.

За потсетување, снимателката Хатчинс загина на сетот откако Болдвин во неа пукаше со пиштол револвер во кој имало вистински куршуми. Обвинителката Мери Кармак Алтвис, рече дека има намера да го обвини за убиство од небрежност.

Болдвин постигна спогодба со семејството на Хачинс, и нејзиниот сопруг ќе ја превземе продукциската улога, а со снимање ќе се продолжи уште овој месец. Болдвин рече дека не е одговорен за пукањето.

Објасни дека уште на почеток не требало да биде дозволено вистински куршуми да се најдат на сетот и дека ракувачите со оружје се одговорни за огненото оружје.

Од канцеларијата на шерифот Санта Фе, работат на тоа да откријат како вистински куршуми завршиле на сетот. Правните аналитичари велат дека обвинителите ќе имаат тешка задача со обвинението за Болдвин, затоа што немаат докази дека глумецот знаел дека во пиштолот имало вистински куршуми.
Scroll to Top