Флавио Бријаторе во врска со 49 години помлада манекенка

By

Поранешниот шеф на тимот на „Рено“ во „Формула 1“, Флавио Бријаторе (69) е во врска со 49 години помладата италијанска манекенка Бенедета Боси (20). Бријаторе кој е познат по неговите врски со млади девојки, ја поканил на вечера кај него во Монте Карло, пишуваат италијанските медиуми.

Бендета живее и студира право во Милано. Кога стигнала во кнежеството, тој ја однел во познат ресторан. По вечерата во Монте Карло, двајцата со приватен авион заминале за Рим, каде преноќиле во хотел со пет ѕвездички.  Биле видени заедно и на вечера во јапонски ресторан, од каде заминале за Кенија, каде Флавио има луксузна вила.

Откако папараците ги снимиле заедно, Бенедета вели дека морала да го деактивирала „Фејсбук“, а профилот на „Инстаграм“ го направила приватен.

Ќе ви се допадне