(Фото) Адам Левин облече фустан за мерак на ќерките: Девојките сакаат да се забавуваат

Пејачот на „Марун 5“, Адам Левин, облече розов фустан за да им направи мерак на ќерките. Тој носеше ист фустан како сопругата, топ-моделот Бехати Принсло, и ќерките Дасти Роуз (4) и Џио Грејс (3).

„Девојките сакаат да се забавуваат“, напиша 42-годишниот музичар, а фотографијата ја објави на „Инстаграм“.

Фотографијата предизика позитивни коментари во јавноста, а фановите го пофалија што сè прави за да им биде интересно на децата.

Пејачот неодамна изјави дека иако му недостигаат турнеите, сепак ужива во пандемијата затоа што има доволно време за семејството.

Scroll to Top