Пејачката Адел има нов дечко, пренесува британскиот весник „Дејли мејл“. Таа е видена од папараците изминатите неколку дена како се забавува со познатиот рапер Скепта.
Британските медиуми пишуваат дека Адел повторно ја пронашла среќата во љубовта, по разводот од нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Конецки. Двајцата ставија крај на бракот во април.
„Адел и Скепта поминуваа многу време заедно откако се распаднаа нивните љубовни врски. Во меѓувреме, тие се врзаа меѓусебно и споделуваат многу заеднички интереси. Тие поминуваат повеќе време заедно и сите пријатели претпоставуваат дека ќе бидат одлична двојка“, вели анонимен извор за „Сан“.
Сепак некои од фановите коементираат по социјалните мрежи дека се изненадени од изборот на Адел, а многумина стравуваа дека пејачката ќе биде емотивно скршена и очекуваа многу срцепарателни балади, но се чини дека Адел страдаше кратко и најде утеха во нејзиниот почитуван колега.