(Фото) Адел откри дека е во врска со менаџерот на Леброн Џејмс

Светската пејачка Адел ја потврди врската со Рич Пол, агентот на НБА-кошаркарот Леброн Џејмс. Таа на Инстаграм објави фотографии од венчавката на НБА-кошаркарот Ентони Дејвис, на која била заедно со Рич.

Адел носеше црн фустан со бели пуф ракави и големи златно-бисерни обетки. Познатиот спортски агент, кој покрај Леброн Џејмс претставува и еден куп други познати спортски икони, носеше класичен смокинг.

Двајцата прв пат ги поврзаа заедно пред два месеца, кога беа на НБА-финалето на натпреварот во Феникс. За потсетување, Адел претходно беше во врска со раперот Скепт по нејзиниот развод од Симон Конецки во 2019 година. Со поранешниот сопруг имаат заедничко старателствого над нивниот осумгодишен син Енџел Адкинс.

Scroll to Top