(Фото) Адел се сврши, фановите забележаа дијамантски прстен на црвениот тепих

Британската пејачка Адел се сврши со нејзиното момче Рич Пол, пишуваат британските медиуми. Фановите забележаа на неа голем дијамантски прстен за време на доделувањето на наградите Brit Awards во лондонската О2 Арена.

Таа покрај прстенот на левата рака на црвениот тепих прошета во елегантна модна комбинација, креација на нејзината стилистка Џејми Мизархи.

За потсетување, Пол и Адел се заедно уште од јули минатата година. Двајцата беа видени на финалето на НБА во Феникс. Пол е агентот на НБА-кошаркарот Леброн Џејмс.

Scroll to Top