(ФОТО) Актерката Џени Молен гола откри од што боледува

Џени Молен, сопругата на американскиот актер Џејсон Бигс, ѕвездата на серијалот „Американска пита“, сподели со своите фанови на „Инстаграм„ дека има големи здравствени проблеми.

Американската актерка направи разголена фотографија пред огледало сакајќи да укаже на здравствените проблеми за кои до неодамна не била свесна.

„Не знам како да го објаснам својот изглед. Не мислев дека тоа е нешто лошо до минатиот петок, кога на вратот ми се појави џумка, поради што морав веднаш да отидам на лекар. Сè уште ги чекам наодите за крв, но мојот лекар мисли дека станува збор за Гравесовата болест“,  напишала Молен. Џени во продолжение објаснила дека многу медиуми пишувале дека боледува од анорексија, со оглед на тоа дека многу брзо по породувањето ослабела, но најверојатно станува збор за нарушување на штитната жлезда.

Scroll to Top