(Фото) Актерката Менди Мур стана мајка

Актерката Менди Мур пред неколку дена роди син. Таа објави слика на Инстаграм, со порака дека и таа и бебето се чувствуваат добро, а дека нејзиниот сопругот, музичарот Тејлор Голдсмит,, е пресреќен.

„Гас е тука. Нашето слатко момче, Аугуст Харисон Голдсмит. Тој беше точен и пристигна токму на денот кога требаше да се породам, без да доцни, а на задоволство на неговите родители. Бевме подготвени да се за заљубиме на многу нови начини, но тоа што ни се случи со раѓањето на синот надминува сè што можевме некогаш да замислиме“.

Ова е прво дете на актерката, која во ноември 2018 година се омажи за Голдсмит. Во интервју за „Гламур“, Менди зборуваше за бракот, па тогаш изјави: „Тој ме тера да се топам од среќа. Не можам да замислам подобар партнер. Тој ќе биде најчудесниот татко. На минатото гледам како камен на сопнување кој ме доведе овде каде што сум денес“.

Таа во моментов глуми во хит-серијата „Ова сме ние“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mandy Moore (@mandymooremm)

Scroll to Top