Австралискиот актер Сајмон Бејкер (51), ѕвездата на серијата „Менталис“, има нова девојка неполни два месеца откако кажа дека се разведува. Тој и 36-годишната Лаура Меј Гибс се сликани на плажата Бајрон Беј во Австралија.
Според локалните медиуми, Лаура е ко-сопственик на спортски бренд за облека и голема обожавателка на јога и здравиот начин на живот, но и противничка на било какви естетски операции. Сајмон и Лаура се запознале во Бајрон Беј, каде што се наоѓа нејзиното модно студио, а тоа во близина на неговата фарма.
Иаако претходно се пишуваше дека Сајмон се разведува од сопругата Ребека по 29 години брак оти таа го изневерила, сега медиумите пренесуваат дека актерот најверојатно од поодамна е во врска со Лаура и дека можеби таа е причината за разводот.
„Остануваме блиски пријатели и нашите три деца ќе останат наш приоритет“, стои во официјалната изјава на Сајмон и Ребека до медиумите.
Некои медиуми пишуваат дека тие се разделиле уште лани во април. Сајмон пред неколку недели ја стави на продажба нивната семејна куќа во Санта Моника во Калифорнија, по цена од 6,3 милиони долари.
Бејкер и Ребека се запознале во 1990те години на снимање серија во Австралија. Се венчале 1998 година по пет години заеднички живот и ги имаат децата Стела (27), Клод (22) и Хари (19).
И Ребека е актерка. Таа е најпозната е по улогата во филмот „Дебелата Фин и Ели Паркер“, а имаше помала улога во филмот „Џери Мегвајар“ со Том Круз.