(Фото) Алек Болдвин седми пат стана татко

By

Холивудскиот глумец Алек Болдвин (62) и неговата сопруга Хиларија (37) станаа родители шест месеци по раѓањето на нивното петто дете. Веста ги изненади обожавателите на актерот, кој преку социјалните мрежи се пофали дека со Хиларија пак станале родители.

„Мојот живот“, напиша Алек на фотографијата на која Хиларија позира со нивните шест заеднички деца. Глумецот ја има и 25-годишната ќерка Ирланд од бракот со поранешната жена, глумицата Ким Бесинџер.

Полот на бебето сè уште не е познат, како и тоа дали детето е посвоено или родено од сурогат-мајка.

Неодамна Болдвин се пошегува дека неговата сопруга е колекционер на бебиња.

„Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои часовници или уметнички дела. Мојата жена собира бебиња. Едноставно, обожава бебиња“, рече тој во разговор со Елен Деџенерис.

Ќе ви се допадне

Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 10 (https://crunchyrollfree.com/m/zk99/ep-10) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium account 2020

Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 1 (https://animeflix.nl/m/DvDa/ep-1) at website https://animeflix.nl animeflix god of highschool