(Фото) Американски бенд доживеа несреќа за време на турнеја

Членовите на американскиот бенд Crazy Town, кој во 2000 година се прославија со хитот Butterfly, за време на својата турнеја во Онтарио доживеаа несреќа на патиштата. Додека се возеле во комбе, налетале на лос. Сите се здобиле со полесни повреди од силината на ударот.

„Штотуку излеговме од итната помош и сите сме добро. Имаме исекотини и модрици, но ништо сериозно. Удривме во лос во Онтарио минатата ноќ, но планираме да ја завршиме оваа турнеја“, напишале од бендот на социјалните мрежи и објавиле фотографии од местото на несреќата.

Предната страна на комбето целосно е уништена. Прва помош на музичарите им е дадена на лице место. Веднаш потоа сите биле пренесени во болница. Фановите на социјалните мрежи им дадоа целосна поддршка и им порачаа брзо опоравување. Од силината на ударот, лосот загинал на лице место. Официјалните лица велат дека ваквите несреќи не се реткост во овој дел од земјата.

Бендот Crazt Town со песната Butterfly го завземаа првото место на Билборд Хот 100 листата. Тоа им беше врвот во кариерата. Албумот го продадоа во милионски тиражи. Во 2003 година, групата се распадна, а по неколку години повторно почнаа да свират заедно.

Scroll to Top