(Фото) Ана Ивановиќ сама му направи роденденска торта на синот

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се пофали дека сама ја направила роденденската торта за синот Лука, кој денес полни 1 година. Таа прво објави слика додека го пече тестото, а потоа и тортата на која има роденденска свеќа.

„Се надевам дека ќе ви се допадне тортата од боровница“, напиша српската тенисерка на „Твитер“.

Ана Ивановиќ пред две години се омажи со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Синот Лука е нивното прво дете.

Scroll to Top