(Фото) Ана Винтур без очила за сонце

Уредничката на „Вог“, Ана Винтур важи за една од жените со најголем стил. 68-годишната Ана е препознатлива и по големите црни очила за сонце што секогаш ги носи во јавноста, па дури и кога седи покрај кралицата Елизабета.

Сепак, неодамна таа се појави во без очилата за сонце, а папараците веднаш ги објавија фотографиите. На социјалните мрежи покрај фотографиите се појавија коментари од луѓе кои велат дека првпат ѝ ги гледаат очите.  Секако, ова не е првпат модната уредничка да се појави без препознатливите очила, но е една од ретките прилики да е без нив, па веднаш привлече внимание.

Scroll to Top