Анџелина Џоли само еден ден по роденденската забава на Џенифер Анистон, на која се појавил нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, била забележана во машко друштво во еден познат ресторан во Лос Анџелес.
Џоли која неодамна се врати од патување од Бангладеш, пред да влезат во ресторанот Рио, силно го прегрнала мажот со кого била излезена таа вечер.
Некои од светските магазини навестуваат дека можеби станува збор и за повеќе од пријателство и дека актерката можеби веќе го пронашла нејзиниот нов партнер. Џоли неодамна се вратила од патувањето од Бангладеш, каде ја посетила најголемата населба во светот направена за бегалците.
На роденденската забава на Анистон присуствувале голем број на холивудски ѕвезди меѓу кои и Бред Пит, Кортни Кокс, Кети Пери, Орландо Блум. Бред Пит на роденденот на Анистон пристингал во тајност, а американските медиуми пишуваат дека со неговото присуство тој останал во добри односи со поранешната сопруга.