(Фото) Анџелина Џоли на шопинг со ќерката Вивиен

Холивудската актерка Анџелина Џоли беше снимена за време на една прошетка и шопинг низ улиците на Лос Анџелес, со нејзината ќерка Вивиен Маршелин. Џоли носела црни панталони и широк црн каут, големи очила за сонце, додека Вивијен на себе имала тексас комбинезон, бела маица и патики.

Двете биле сликани додека излегувале од трговски центар. Вивиен е едно од шестте деца на Џоли и Бред Пит. Таа има брат близнак кој се вика Нокс Леон.

Деновиве медиумите повторно го свртеа вниманието кон холивудската двојка и нивниот развод. Медиумите пишуваат дека Џоли се одрекла од презимето Пит, додека нивните деца ќе ги зачуваат презимињата на родителите.

Актерката често може да се забележи во Лос Анџелес во прошетка со децата. Таа на социјалните мрежи често објавува фотографии од нивните секојдневни активности.

 

Scroll to Top