(Фото) Анџелина Џоли продава кучешка храна во парк

Актерката Анџелина Џоли е фатена како во парк во Лос Анџелес продава храна за кучиња, а нејзината колешка Сара Рамос ја споделила оваа фотографија на социјалните мрежи.

Иако Сара не била среќна што на нејзината пријателка им ја нарушила интимата, сепак на својот Инстаграм ја објавила фотографијата од Анџелина со своите три деца, близнаците Нокс и Вивиен, како и Шајло.

Таа заедно со нив седнала на една од масите и продаваат храна за кучиња. Парите требало да ги донираат во здружението кое се гржи за напуштени кучиња.

„Не знам зошто Бог ме одбра мене да ја раскажам оваа приказна, но пред неколку месеци отидов во парк за кучиња и ја видов Анџелина Џоли како продава органска храна за кучиња“, напишала младата актерка на Инстаграм пред два дена.

Scroll to Top