(Фото) Анџелина Џоли прошета во проѕирна маица без градник

Анџелина Џоли во проѕирна маица и без градник се прошета низ улиците на Лос Анџелес. Актерката се појавила во невообичаен стајлинг за време на прошетката со своите деца и куче. На себе носела црн шешир и очила за сонце.

Иако има само 40 килограми, на Анџелина јасно и се отцртувале градите под тенката маица.

Познатата холивдска актерка Анџелина Џоли ја промени фризурата и тоа за потребите на снимањето на новиот филм „Come Away“ во Лос Анџелес.

За новата улога, Анџелина целосно е трансформирана, наместо долга кафена коса има руса виткана перика која и дава постар изглед.

Освен тоа, за што поверодостојно да го долови изгледот од 1900-тите години, кога и се одигрува филмот, носи гардероба од тоа време.

Неодамна Анџелина Џоли (43) и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (54) ја откажаа судската расправа за старателството над нивните деца, пишува „Дејли мејл“. Пријатели на Анџелина велат дека актерката сака нејзиниот однос со Бред да има среќна завршница.

„И двајцата сакаат да се договорат за заедничко старателство над децата и не сакаат повеќе да водат судска борба“, истакнува близок пријател на Џоли и Пит. Анџелина ги ужива последните денови од летото заедно со децата.

Scroll to Top