(Фото) Анџелина Џоли се соблече гола за насловна страница

Славната актерка Анџелина Џоли позираше гола за насловната страница на декемвриското издание на Harper’s Bazaar. Џоли во интервјуто проговори за нејзините емотивни трауми, за детството, мајчинството и за хуманитарната работа.

На фотографијата што списанието ја сподели на Instagram Анџелина позира целосно гола, покриена во провиден превез, а сними и неколку поинакви фотографии. На една од нив е во  провидна црна ткаенина под која носи само градник и долна облека.

Во интервјуто актерката откри дека сакала да се пресели во странство, но нејзиниот бивш сопруг Бред Пит се противел на тоа.

„Би сакала да живеам надвор, тоа ќе го направам штом децата наполнат 18 години. Моментално мораме да бидеме во близина на нивниот татко. Тешко ми е да се носам со ситуацијата, животот носи многу промени, понекогаш се болни, а понекогаш гледаш како се болни за оние кои ги сакаш и не можеш да бидеш толку слободен колку што тоа го бара твојот дух. Сега чувствувам како крвта ми се враќа во телото“, вели актерката.

Пред бракот со Бред Пит и водењето семеен живот, Џоли во Холивуд стекна имиџ на бунтовничка.

По бројните драми, вклучувајќи ја и онаа во 2000 година, кога на доделувањето на Оскарите во уста го бакна нејзиниот брат, носејќи околу вратот крв во приврзок на тогашниот партнер Били Боб Торнтон, па до бурниот развод со Бред, Џоли сè повеќе им помага на жени и бегалци на кои им е потребна правна помош.

Но, најмногу внимание им посветува на децата за кои вели дека ѝ помогнале да ја пронајде нејзината заборавена, дива страна.

Scroll to Top