(Фото) Анистон апелира до Американците да се вакцинираат откако прими втора доза вакцина

Холивудската глумица Џенифер Анистон откри дека ја примила и втората доза вакцина против корона и вели дека се чувствува фантастично. Таа, реши да ја искористи својата популарност и со своите постапки апелира до јавноста да се вакцинира.

„Целосно вакцинирана и се чувствувам навистина добро! Ние сме исклучително среќни и привилегирани што во моментов имаме вакцини во САД, но тоа не е случај насекаде, за жал, и како што знаеме, здравјето на сите нас зависи од здравјето на една личност. Мислам на оние кои немаат или нема да имаат можност да се вакцинираат, да ги прегрнат своите пријатели и членови на семејството“, напиша Анистон на „Инстаграм“.

Таа пред една година беше меѓу првите што ја испрати пораката „Носете ги проклетите маски“, во време кога повеќето Американци не веруваа дека коронавирусот постои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Scroll to Top