(Фото) Бекам ја изневерува Викторија со дански модел

Светските медиуми пишуваат за проблемите во бракот на познатиот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија. Некои од трачевите одат и дотаму што говорат дека двајцата се пред развод, а како причина го наведуваат данскиот модел Хелен Кристенсен.

Двајцата се запознале во декември минатата година на забава во Мајами. Тогаш направиле заедничка фотографија која за кратко време се раширила по социјалните мрежи. Британските медиуми пишуваат дека Викторија  реагирала бурно и му се заканила на Бекам дека не сака да ја види повеќе во негова близина.

Британскиот печат пишува дека Викторија била видно нервозна поради новите познанства кои ги остварил Бекам во Мајами, а особено нервозна ја правела Хелен, која откако се запознала со Дејвид била во постојан контакт со него.

Блиски пријатели на познатата двојка велат дека и Викторија требало да присуствува на забавата во Мајами, но не заминала поради деловни обврски.

 

 

Scroll to Top