Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам (44) веќе неколку години е критикуван поради бакнувањето во уста со своите деца. Последната фотографија ги револтира обожавателитее, а повеќето коментатори се согласуваат дека однесувањето на Дејвид е несоодветно и настрано.
За време на фудбалскиот натпревар меѓу Англија и Норвешка, Дејвид пред неколку илјади луѓе ја бакнуваше ќерката Харпер (7) во уста.
Заeдно со бабата Сандра, семејството на Бекам прославуваше со англиските фудбалерки, кои го освоија полуфиналето на Светскиот куп во Франција победувајќи ја Норвешка во Ле Авр со 3:0.
„Уф, колку е ова одвратно? За вакво однесување би давал парични, а можеби и затворски казни. Отсекогаш ми се гадело од родителите што го прават тоа со своите деца“, се само некои од коментарите на „Твитер“.