(Фото) Бекам заспа на трибините додека со мајка му гледаше тенис на Вимблдон

Легендарниот фудбалер Дејвид Бекам заспа на трибините додека го следеше тенискиот меч меѓу Џоди Бураџ и Дарија Касаткина на Вимблдон. Друштво во кралската ложа му правеше мајка му Сандра, а папараците го снимија како фудбалерот се досадува и цело време се обидува да остане буден.

Бекам целото време се проѕеваше, го триеше челото и едвај ги држеше очите отворени. „Дејли мејл“ пренесе дека Бекам бил уморен од претходната вечер кога славел годишнина брак со Викторија. За потсетување Викторија не дојде на Вимблдон, а ден претходно му посвети емотивна порака.

Scroll to Top