(Фото) Бен Афлек и Џенифер Лопез на романтичен одмор во Венеција

Популарната двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез замина на романтичен одмор во Венеција. Двајцата биле видени како се возат на гондола, кога стигнаа на филмскиот фестивал.

Откако во мај ја обновија старата љубов, двајцата се неразделни, откриваат нивни блиски пријатели. Тие велат дека слободното време или го минуваат заедно самите или се со децата.

Многумина на почетокот се сомневаа во нивната романса, дека ќе трае подолго време и само чекаа да ја потврдат нивната свршувачка и венчавка.

 

 

Scroll to Top