Глумецот Бен Афлек ја продава вилата во која живееше сам по разводот со Џенифер Гарнер. Со Џенифер Лопез сега бара нов дом. Оваа куќа е третата најскапа во таа област во Лос Анџелес, а за неа глумецот бара 28,5 милиони долари, пренесоа медиумите.
Во вилата се всели во 2018 година, одма по разводот со Гарнер, а ја купи за 19 милиони долари. Бен кој неодамна се ожени со Џенифер Лопез, е во потрага по нов дом.
Нивни пријатели откриваат дека немаат доволно место во вилите кои веќе ги имаат, па сега сакаат да купат нов, поголем и полуксузен дом. Вилата се простира на 13.000 квадратни метри. Има седум спални, девет купатила, раскошни дневни соби, кино, вински подрум, бар и теретана.
Имаат и голем двор кој е заграден со високи жици и дрва. Имаат голем балкон и уште еден на другиот кат со прекрасен поглед. Имаат и куќичка за гости, базен со тобоган и спа.
За потсетување, Бен и Џенифер се свршија пред 18 години, но, поради притисокот од јавноста, прекинаа. Повторно се смирија во 2021 година, а втората свршувачка се случи во април годинава. Се венчаа на 16 јлули во Невада. Потоа направија уште една луксузна свадба за пријателите.