(Фото) Бен Стилер го изеде „Златниот глобус“ на доделувањето на наградите

Глумецот Бен Стилер го изеде „Златниот глобус“ на церемонијата на доделувањето на синоќешните награди. Тој на сцената почна да ја јаде статуетката направена од тесто.

„Тешко е да се поверува дека помина цела година од последниот ‘Златен глобус’. Како и многу други Американци, за тој период научив да печам. Вкусен леб од банана во форма на златен глобус“, изјави Стилер и почна да ја јаде статуетката.

На крајот ја додели наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија.

 

Scroll to Top