Шпанскиот актер Педро Алонсо (48), кого публиката го знае како Берлин од серијата „Каса де папел“, е во врска со Србинката Татјана Ѓорѓевиќ, пишуваат медиумите. Татјана е од местото Свилајнца. Иако се заедно неколку години, Татјана ретко се појавува со него во јавноста.
„Не сакам да зборувам многу за приватниот живот“, изјавил Алонсо уште кога се прикажуваше првата сезона од популарната серија.
Педро неодамна во интервју за хрватска „Глорија“ рече и дека нема големи амбиции во животот, ниту дека сака да стане милионер.
„Не сонувам да глумам во некој блокбастер, не сакам да бидам ѕвезда. Единствено што сакам е популарноста да ми овозможи да искусам нешто ново во животот и да уживам“, рекол тој во интервјуто.