(Фото) Берлускони има нова девојка

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има нова девојка, пишуваат италијанските таблоиди. Берлускони кој е познат по „бунга, бунга“ вечерите со млади девојки изјави дека и официјално се раздели од својата поранешна партнерка.

Осумдесет и тригодишниот милијардер ја остави четириесет и девет години помладата Франческа Паскале со која беше 12 години во врска. Тој сега е во врска со уште помлада манекенка Марта Фачине, која има само 30 години и која е член на неговата партија.

Италијанските таблоиди и претходно пишуваа дека Паскале има обичај да преспива кај Берлускони, за да му биде веднаш достапна за работниците состаноци. Инаку таа живее во луксузна вила која ѝ ја купил Берлускони. Папараците неодамна ги сликаа заедно за време на нивната посета во Швајцарија.

Франческа им посака среќа во понатамошниот живот и вели дека таа и Берлускони ќе останат засекогаш пријатели. Берлускони кој никогаш не се венча со Франческа зад себе има два развода. Претходно е осуден на седум години затвор поради проституција со малолетнички, а казната во жалбената постапка му беше укината.

Во моментов против него се води постапка дека им плаќак на девојките со кои бил на познатите „бунга, бунга“ вечери, кои често се претварале во оргии.

Scroll to Top