Доколку следниот месец некој не ја симне од врвот, фотографијата на Бијонсе со која ја најави својата бременост на „Инстаграм“ е најлајкуваната фотографија на оваа социјална мрежа. Фотографијата со голиот труднички стомак на Бијонсе има 11,1 милиони лајка и 546,6 илјади коментари.
Втора најлајкувана фотографија е првата фотографија од бебето на Роналдо, Алана Мартина, направена само неколку минути по породувањето на неговата партнерка Георгина Родригез. Оваа фотографија има 11 милиони лајка.
Трета на листата е Селена со 10,3 милиони лајка. На фотографијата Селена и нејзината другарка Франција Раиза се во болница веднаш по трансплантацијата на бубрегот на Селена.