(Фото) Бившиот на Џенифер Лопез љуби 20 години помлада девојка

Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, безјзбол ѕвездата Алекс Родригез, е во врска со 20 години помлада девојка Кетрин Паџет. Двајцата се видени заедно уште во јануари на еден натпревар, а сега објавија и фотографии од јахта. Велат дека не сакаат повеќе да се кријат.

„На италијанска летна вечера“, напиша Кетрин на фотографијата со Алекс.

Таа работи како фитнес модел и често на „Инстаграм“ споделува фотографии од теретана. Обожавателите поради нејзиниот изглед велат дека многу личела на Џенифер Лопез.

„Иста Џеј Ло, презгодна“, биле само некои од нив.

Двајцата се на јахтата со нивни блиски пријатели а во моментов пловат покрај Франција. Кетрин покрај тоа што ужива со новиот дечко, таа снима видеа и за здрава исхрана и вежби.

Scroll to Top