(Фото) Бившиот на Кортни Кардашијан доживеа сообраќајка

Бившиот дечко на Кортни Кардашијан, Скот Дисик, доживеал сообраќајка во саботата. Се здобил со помали исеченици на главата откако се превртил со „ламбурџинито“ во Калабасас,  Калифорнија. Скот одбил лекарска помош на местото на несреќата, пишува TMZ.

За потсетување, Скот и Кортни беа заедно од 2006 до 2015 година и добија три деца. Често прекинуваа затоа што ја изневеруваше. Во премиерната епизода на новата серија на „Кардашијан“, тој зборуваше за односот со Кортни.

„Сега кога Кортни ја најде среќата со Тревис, колку и да ми е тешко, ми дава простор за конечно да продолжам понатаму“, рече Скот. Кортни во мај се омажи за Травис Баркер во Италија.

Scroll to Top