(Фото) Блејк Лајвли го носеше најубавиот фустан во 2018 година

Бордо-златниот фустан од брендот „Атеље Версаче“ што Блејк Лајвли го носеше на мет галата е прогласен за најубав на модните оскари во Лондон, The Fashion Awards. На доделувањето на наградите беа прогласени и најдобрите дизајнери и модели на годината.

За изработка на фустанот на Блејк биле потребни повеќе од 600 часа – модел со долг „опаш“ украсен со рачно изработен вез и скапоцени камења.

„Од сите фустани што некогаш сум ги носела на свечени церемонии, овој ми стана омилен“, изјавила неодамна актерката.

Scroll to Top