(Фото) Бред Пит се забавува со нова девојка

Холивудскиот глумец Бред Пит (56), по подолго време е виден со нова девојка, пишува „Дејли Мејл“. Додека е во изолација, во неговиот дом во Лос Фелиза во Калифорнија, друштво му прави Алија Шокат (31)  која се прослави во серијата Arrested Development.

Некои од светските таблоиди пишуваат дека Шокат, би можела да биде новата партнерка на глумецот.

Според наводите на списанието US Weekly, камерите ги снимиле двајцата минатата недела, кога Алиа го напуштила неговиот дом. Интересно е тоа дека и Алија живее во близина на Бред Пит, исто како и неговата поранешна партнерка Анџелина Џоли, која е оддалечена од глумецот само пет минути возење.

„Доста време се дружат. Таа живее само десет минути возење од неговиот дом. Понекогаш доаѓа да го посети и со велосипед, а понекогаш и пешки, кога има време да се опушти“, вели извор близок до Бред Пит.

Изворот открива дека двајцата често знаат да нарачаат брза храна, како бургери и пица, а понекогаш и шетаат покрај брегот во еден од нивните луксузни автомобили.

Друг извор пак вели дека двајцата сè само пријатели и ништо повеќе од тоа.

 

 

Scroll to Top