(Фото) Бред Пит во улога на моден дизајнер за брендот „Бриони“

Холивудскиот актер Бред Пит во склоп на соработката со италијанскиот моден бренд „Бриони“ ќе се обиде и во улога на моден дизајнер за колекцијата наречена „БП потпис“ (BP Signature).

Преку колекцијата „БП потпис“, Бред заедно со италијанскиот бренд за машка облека има цел да претстави ексклузивна колекција, дизајнирана во стилот на актерот.

Пит е заштитно лице на „Бриони“ од 2019 година, меѓутоа ова е првпат брендот во сопственост на француската луксузна куќа „Кер“ да претстави ваква соработка.

„БП потпис“ е достапна во продавниците на „Бриони“, како и на нивната официјална веб-страница. Колекцијата од седум дела, според соопштението за јавност, вклучува „костум, поло-пуловер од кашмир со долги ракави, спортска јакна од кашмир, лесен капут и јакна од сомот со волнени панталони и фини памучни кошули“.

Актерот во меѓувреме го снима својот нов филм Bullet Train заедо со актерката Сандра Булок. Филмот зборува за атенатори од Јапонија, а е во режија на Дејвид Лич.

Scroll to Top