Холивудскиот актер Бред Пит, веќе со недели престојува во Италија, каде е на културна турнеја, пишуваат светските медиуми. Актерот во повеќе наврати бил забележан во посета на неколку галерии каде разгледувал уметнички дела.
Неговата последна дестинација по посетата во Кан, каде го промовираше филмот Once Upon a Time in Hollywood на Тарантино, е Венеција. Пит по обиколката на градот бил снимен како спие на една клупа во такси брод.
Критичарите велат дека Бред го вратил својот стар сјај. Бил скоцкан од глава до пети онаков каков што фановите го познаваат пред и за време на бракот со Анџелина Џоли. Пит велат дека сега ја оправдал титулата за најсекси маж која му била доделена во повеќе наврати.